Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 5. ДЕКЕМВРИ 2019 ГОДИНА

Овенот има среќа на работно поле, Близнаците ќе ги остварат сите планови, за Рибите ова е значаен ден на љубовно поле.

ОВЕН

Ќе имате среќа околу работата денес. Можно е некои деловни обврски да ги завршите побргу од планираното. Ве очекува средба со личност која ви се допаѓа. Наскоро ќе имате можност да започнете врска со неа.Чувајте се од можни повреди.

БИК

Доаѓаат некои неочекувани промени на кои нема многу лесно да се прилагодите. Можеби сте разочарани во љубовта и поради поранешните врски во кои патевте изгубивте верба во можноста од нова љубов. Чувајте го црниот дроб.

БЛИЗНАЦИ

Пред вас е многу поволен ден за промени на работа. Ќе успеете да ги остварите сите планови. Ќе ви се укаже можност за ново познанство со личност која ќе сака врска со вас. Подложни сте на настинки.

РАК

Пред вас се промени на деловно поле. Важно е да се организирате за да можете да стигнете сѐ навреме. Врската почнува да ве оптеретува. Ви недостига слобода и сакате промени. Ве мачи мигрена.

ЛАВ

Ве очекува позитивен пресврт како и шанса за унапредување и доаѓање до значителна позиција. Посветете се на саканата личност и вашиот однос. Ќе имате големи шанси да напредувате. Крвниот притисок ви варира.

ДЕВИЦА

Нема да се откажете сѐ додека не го остварите она што го сакате на деловно поле. Многу сте упорни. Може да очекувате ново познанство со личност која отворено ќе ви покаже што чувствува кон вас. Внимавајте на плуќата.

ВАГА

Ако се занимавате со продажба на недвижности, ќе имате голема можност да остварите значителна провизија. Ќе ги решите проблемите од минатото со саканата личност и вашиот однос значително ќе се подобри. Внимавајте на исхраната.

ШКОРПИЈА

Доколку се бавите со приватна работа, може да очекувате подобрување на шансите за заработка. Можете да очекувате значајни случувања со личноста која ви се допаѓа. Ќе ви годи поголема активност.

СТРЕЛЕЦ

Пред вас е многу поволен ден за работа. Среќата е на ваша страна и сите планови ви одат како подмачкани. Ако сте слободни, денешниот ден е многу поволен  за почеток на нова емотивна врска. Без никакви проблеми во здравјето.

ЈАРЕЦ

Ве очекува позитивна атмосфера во комуникацијата со надреденире кои ве поддржуваат околу деловните промени. Личност родена во знакот на Вага може да ви покаже дека и се допаѓате. Внимавајте на синусите.

ВОДОЛИЈА

Имате некои сомнежи во врска со своите соработници. Ви се чини дека не се сосема искрени кон вас. Ви се допаѓа личност која е поврзана со странство и патувања. Ве очекува почеток на врска на далечина. Малку послаба циркулација.

РИБИ

Ќе имате среќа и ќе успеете да остварите еден многу важен деловен договор кои ќе влијае позитивно на вашата целокупна работа. Значаен ден на љубовно поле е пред вас. Поволна фаза за вердиба. Можни се проблеми со вртоглавица.

Прегледи:
792
Објавено на:
04.12.2019