Категории

Црвен Крст на град Скопје и Дормео во заедничка кампања „Разбудете се хумани“ ќе ги доделат прочистувачите на воздух

Климатските промени и брзиот индустриски развој на глобално ниво, се одразуваат и локално предизвикувајќи негативни влијанија на квалитетот на живот. Во оваа насока е и загадениот и неквалитетен воздух, кој е потенцијална опасност по здравјето на секоја индивидуа. За подобрување на оваа состојба, која за жал е дел и од нашето опкружување, Дормео и Црвен Крст на град Скопје реализираа заедничка кампања „Разбудете се Хумани“– со цел подобрување на квалитетот на воздухот во институции и организации кои работат со ранливи целни групи преку обезбедување на прочистувачи на воздух.

Во рамките на оваа кампања, во периодот од 01.08.2019 до 15.10.2019, со купување на наддушек Рињу Натура, се одвојуваа по 300 денари од секој продаден наддушек, а средствата се наменија за обезбедување на прочистувачи за воздух ROVUS ASTREA AIR PURIFIER.

Од вкупната продажба на  наддушеци во овој период се собраа средства со кои се обезбедија финансии за вкупно 20 пречистувачи на воздух кои ќе бидат донирани во:  Дневен центар за стари лица, Пункт за бездомници Момин Поток, Центар „Нега“, Дневен центар за церебрална парализа, Центар за лица со даунов синдром, СУ „Димитар Влахов“, Дневен центар „Пролет“, Клиника за педијатрија- оддел хематологија, СУ „Иднина“, СУ „Наум Охридски“, Дневен центар за стари лица- Сарај, Дневен центар за крводарителство, СУ„Златан Сремац“, Центар за деца на улица Шуто Оризари, Центар за обука на персонални асистенти, Дневен центар „Порака“, Дневен центар за стари лица- Маџари.

Доделувањето на прочистувачите ќе се реализира на 6 декември во 11.00 часот во Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години “ПРОЛЕТ” на ул. Пролет бр. 39.

Настанот кој освен хуманата и општествено одговорна компонента, поттикнува и ја подигнува јавната свест за значењето на квалитетот на воздухот кој го дишеме, со акцент на ранливите категории кои се особено ранливи на загаденоста со која се соочуваме.

Прегледи:
549
Објавено на:
05.12.2019