Категории

Ако не го сакаш секој дел од неа, пушти ја да оди

Ако не ја сакаш во потполност, пушти ја. Ако си среќен кога не е покрај тебе, пушти ја. Ако повеќе сакаш да разговараш со други жени, пушти ја. Ако мислиш дека и правиш услуга со тоа што остануваш со неа, се лажеш и си вистински идиот.

Немој да мислиш дека и правиш услуга, затоа што тоа не е услуга. Не ја смалуваш болката додека се правиш дека си среќен во врска од која очајно сакаш да излезеш. Не и помагаш ако ја сакаш поради грижа на совест или обврска. Себичен си, а таа заслужува повеќе. Без оглед на се, која е и што е, таа заслужува подобро.

Ако не ти се допаѓа како изгледа наутро кога се врти по креветот, пушти ја. АКо не ја сакаш кога е уморна или мрзоволна, пушти ја. Ако не ја сакаш кога е возбудена поради нешто што дознала, пушти ја. Ако не сакаш како те заведува и се обидува да те направи среќен, пушти ја. Затоа што таа е сето тоа, и мрзоволна и среќна, таа е несовршена и има маани.
Не можеш да ги одбереш оние делови од неа кои ќе ги сакаш, затоа што таа е сите делови во едно и ако не ја сакаш кога не ти е по волја, пушти ја.

Задржувајќи ја, додека сакаш да ја пуштиш, не е фер. Не е во ред да ја завлекуваш. Не ја спасуваш од скршено срце, не правиш да се чувствува подобро затоа што си покрај неа од сожалување. Само си себичен, ја спречуваш да најде некој кој ќе го сака секој дел од неа.

Некој кој ќе ја сака како како плаче дури гледа тажни филмови. Некој кој ќе ја сака после тежок ден. Некој кој ќе ја сака кога не може да ја контролира среќата од возбуда. Некој кој го сака начинот на кој се смее и како се однесува кога е весела. Некој кој ќе го сака начинот на кој спие и ќе ја гледа како таа да е целот негов свет.

Никој не е совршен, секој има лоши денови кога се однесува лошо, но треба да ја сакаш во тие денови и тие мигови. Соцето нема да сјае секогаш, врските се тешки и бараат работа и љубов. Ако не можеш да ја замислиш иднината со неа кога е тешко, пушти ја.
Ако не го сакаш секој дел од неа, немој да остануваш само поради грижа на совест за да не и го скршиш срцето.
Единственото полошо нешто од самотијата е да си со некој поради кој се чувствуваш осамено, а ти тоа и го правиш неа.

Прегледи:
704
Објавено на:
07.12.2019