Категории

Ричард Гир порачува: Бидете блесави, бидете љубезни, бидете чудни. Нема време за ништо друго!

Важна лекција за животот од Ричард Гир

„Мајката на мојот пријател се хранеше здраво целиот живот. Никогаш не конзумираше алкохол нити било каква „лоша“ храна, вежбаше секој ден, беше витка и активна, ги земаше сите суплементи кои и ги препорачуваше докторот, никогаш не излегува на сонце без заштитен фактор, накратко – го штитеше своето здравје најдобро што можеше. Денес има 76 години и има рак на кожата, рак на коскената срж и остеопороза.

Таткото на мојот пријател јаде сланина на сланина, путер преку путер, маст преку маст, никогаш не вежбал, излегувал на сонце додека не изгори, го живееше животот без да се грижи претерано за своето здравје и изглед, и не слушаше ничии сугестии. Тој денес има 81 година и докторите му велат дека е поздрав од млада особа.

Луѓе, вие не можете да се сокриете од овој отров. Тој е таму некаде и ќе ве пронајде, а според зборовите на мајката на пријателот која е сеуште жива: „Да сум знаела дека животот ќе ми го донесе сево ова, ќе живеев до максимум уживајќи во се што ми е речено а не треба“.
Никој од нас нема да се извлече жив од тука, затоа ве молам да престанете да се однесувате спрема себеси како што другите ви налагаат. Јадете ја вкусната храна, шетајте под сонцето, скокнете во океанот. Кажете ја вистината која ја носите во своето срце како скриено богатство. Бидете блесави, бидете љубезни, бидете чудни. Нема време за ништо друго.“

Прегледи:
853
Објавено на:
08.12.2019