Модните критичари едвај ја задржаа возбудата, се случи невозможното – се состанаа најголемите модни икони на денешницата
Во Велика Британија започна 70-от самит на НАТО, а во Бакингемската палата кај кралицата Елизабета и принцот Чарлс присуствуваа сите претставници на овој самит.
Најголемо внимание привлече Меланија Трамп која пристигна облечена во гламурозен елегантен жолт капут со детали во виолетова боја и чевли во иста нијанса.
Претседателскиот пар од Америка го пречекаа принцот Чарлс и Камила Паркер на влезот во палатата. Војвотката од Корнвол беше облечена во црвен фустан со црна наметка и црни салонки.
Кралицата Елизабета ги пречека гостите, ракувајќи се, овој пат носеше својствена кралска комбинација во маслинесто зелена боја и модни детали како шал, ташна и ракавици.
Подоцна на свечената вечера пристигна и војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон во фустан во боја на жад.
Која дама според вас го имаше најдобриот изглед?