Тамара Тодевска која настапи со песната „Monsters” на престижниот музички фестивал во Албанија, Кенга Маџик, беше прогласена за најдобар интернационален уметник.
Композицијата „Monsters” ја создадоа Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветковски, со текст на Коста Петров.
Таа изјави дека оваа награда ја посветува на своето семејство и на Македонија. Во продолжение слушнете ја уште еднаш оваа прекрасна композиција.