Категории

Како да откриете дали му се допаѓате: Еден знак открива заљубеност

Љубовта се раѓа во погледот – еве како да откриете дали му се допаѓате на  некој!

Ако очите се огледало на душата, тогаш не е изненадување што експертите тврдат дека тие нè оддаваат кога се вљубуваме. Љубовта започнува и се раѓа во погледот на двајца кои, дури и да сакаат, не успеваат да го запрат „танцот“ со очите – тврди Мајкл Аргул, експерт за говор на телото. Тој тврди дека контактот со очите може да предизвика љубов. Но, постои еден мал услов.

 

– Да се ​​изгради интимна врска со некого, да се иницираат пријатни, нежни и страствени чувства, дури и љубов, вашите погледи треба да исполнуваат околу 70 проценти од времето што го поминувате заедно. Само тогаш овие долги и експресивни погледи ќе ја испратат пораката на другата страна дека сте заљубени. И тогаш неговата потсвест полека ќе започне да ги обработува тие информации и да ги развива истите чувства – тврди Аргул.

Али Кембел, автор на книгата „Повеќе од секс“, додава дека погледите навистина откриваат дали ви се допаѓа некој и дека можете да сфатите во првата минута кога сте со негој.

– Ако жената гледа некој што и се допаѓа, а потоа погледнува во подот, па малку лута со очите низ собата и конечно повторно го погледнува мажот, тоа значи дека таа му испраќа порака дека е сексуално заинтересирана за него. Но, дури и ако таа погледне настрана во првите 45 секунди, па повторно погледне назад на „предметот“, но директно во очите, тогаш испраќа сигнал дека и допаѓа.

Прегледи:
946
Објавено на:
09.12.2019