Овие модни совети ќе сакате да ги забележите
Ниските девојки честопати се соочуваат со проблеми кога станува збор за избор на соодветна гардероба. Модните експерти одлучија да откријат по кои правила треба да се води секоја жена со ситна градба. Следниот пат кога ќе одите на шопинг, запомнете ги овие совети добро:
Гардероба со принт е ваш сојузник
Парчињата облека со разни принтови изгледаат феноменално на ниските жени. Единствено што треба да имате предвид е дека тие да не се премногу големи за визуелно да не ве „изедат“.
Мини ташни
Избегнувајте обемни и преголеми чанти, бидејќи тие ќе ви го нарушат изгледот. Идеални за вас се помалите или средните модели.
Струкирани капути и јакни
Пократки модели на јакни, сакоа, но и кошули треба да бидат тесни и струкирани и да ја следат линијата на телото. Избегнувајте преголеми модели што паѓаат преку колковите.
V деколте
Овој крој ќе ви помогне да изгледате поголеми, но и потенки. Освен ова, кружно деколте исто така може да се земе во предвид, но во широкиот лак избегнувајте ги коцкестото.
Здолништа над колена
Миди и долги фустани ќе ве скратат визуелно, затоа секогаш решете се за оние модели над колена. Моделите кои ја следат линијата на телото се одличен избор бидејќи ќе ги истакнат нозете и половината.
Должината на ракавот е важна
Без разлика дали купувате фустан, јакна или блуза, водете рачун должината на ракавите да е 3/4.