Категории

Ако мажот изговара некои од овие ФРАЗИ – Најдобро ви е да побегнете

Тоа се сигнали дека треба да запрете се..

„Плаќате сами?“
Уште полошо е ако не звучи како прашање туку како повик за акција. Нештата ќе станат уште полоши доколку понуди дури и да платите за него. Овде не се работи само за плаќање на сметката, и не се работи само за парите. Поентата е во тоа што кога маж сака да удоволи тој се труди во вашите очи да биде во најдобро можно светло – вклучувајќи и финансиски.

„Или направи како што ќе ти кажам или..“
Каде сте нашле ваков маж во 21 век? Ваквите ултиматуми звучеа логично во среден век а не во денешно време кога жените веќе сами носат одлуки, прават што сакаат и го изразуваат своето мислење кога сметаат дека е потребно. Зошто ви е потребен маж кој очигледно како да дошол од некое заборавено време?

„Сите мажи изневеруваат“
После оваа фраза, можете да му се заблагодарите на искреноста и да се збогувате со него. Тој едноставно ви рекол дека изневерувањето е сосема нормално а тоа значи дека вие никогаш нема да му бидете единствена.

„Оди си дома сама“
Денес да се пронајде маж кој ја придржува вратата, ја повлекува столицата, го придржува капутот е вистинска реткост. Но во меѓувреме, да се биде џентлмен е една од најубавите и најдобрите предности кои еден маж може да ги поседува. Ако после состанокот тој не ве испратил до дома и не ве прашал дали сте стигнале безбедно, значи дека сте излегле со рамнодушен и злобен тип.

„Сеуште не сум спремен да те запознаам со моите пријатели“
Во врска сте долго, и речиси живеете заедно но сеуште не познавате никој од неговото друштво. Голема е веројатноста дека не ве сфаќа доволно сериозно или не верува дека сте доволно добри за него.

Прегледи:
421
Објавено на:
12.12.2019