Се ближат миговите за изборот на подарок за пријателите, колегите од работа, роднините и саканите по повод Новогoдишните празнци. Среќа.мк ви дава три среќни предлози со кои ќе создадете среќни моменти за вас и вашите најблиски.
Предлог 1: Среќни задоволства
Подгответе домашно чоколадо – изненадете ги најблиските со чоколадо кое сами ќе го приготвите. Пребарајте го на интеренет рецептот за вкусот на чоколадото кое го сакате: млечно, темно, бело, чоколадо со лешници и сл., а можете да додадете шарени бонбони, суво овошје, јаткасти производи.. се што ви се допаѓа. Со тоа ќе приредите вкусно-шарени среќни задволства овој празник.
Предлог 2: Среќни часови
Среќни часови со романтична комедија или забавни Божиќни филмови. Подгответе ја празничната атмосфера, светилки, сијалички, топли ќебиња, елка, а телевизорот ставете го да претставива филмско платно. Секако подгответе вкусни пуканки и закуска. Напишете карта-покана за филмска вечер, адресирајте ја до личноста на која сакате да и го подготвите ова изненадување и подарете среќни часови овие празници.
Предлог 3: Среќни спомени
Книгата е секогаш добар избор за подарок, а боенките за возрасни се вистински тренд оваа година. Тие ви даваат можност креативно да се изразите и да се рекалсирате од секојдневните обврски, поттикнувајќи го празничното рсположение. Наша препорака за овој тип на среќен подарок е првата едукативна боенка за Македонија – Colored Memories. Пријателка, момче, девојка, роднини, колеги.. овој подарок е за сите кои сакаат да споделат креативни среќни спомени.
Боенката ќе ги прошета низ регионите и убавините на нашата држава и дополнително ќе ги едуцира за нив. Освен што ќе ги бојат среќните спомени, тие и ќе читаат, а со тоа ќе се релаксираат заедно со топол чај оваа зима. Додадете и боички, а можете и да обоите една илустрација пред да ја подарите боенката. Интерактивната боенка за возрасни е збогатена со текст на македонски и англиски јазик што ја прави одличен подарок за вашите пријатели од странство. Можете да ја порачате и онлајн на нивните фејсбук и инстаграм профили. Пст, имаат и гратис достава и празнично пакување со што вашиот подарок ќе стигне токму на посакуваното место.