Категории

Еден ден во вашиот живот ќе долета ангел и ќе ве научи на сите нешта за кои досега не сте биле свесни

Еден ден ќе запознаете некој во вашиот живот кој ќе промени сѐ.

Еден ден ќе запознаете некој во вашиот живот кој ќе промени се. Ќе го промени начинот на кој размислувате за светот, начинот на кој се гледате себеси и начинот на кој ги гледате сите околу вас.
Таа личност можеби ќе биде странец кој ќе го сретнете на патот до другата станица. Може да биде некој со кој ќе се сретнете на автобуска станица или во ресторан. Може да се запознаете со таа личност во некоја друга земја или во некој друг град кој ќе го посетите сосема случајно за викенд.

Не е важно каде ќе се наоѓа, не е важно како ќе се случи, но еден ден ќе се случи.
Можеби никогаш повеќе нема да ја видите таа личност. Никогаш нема да имате таков разговор, можеби таа личност ќе остане само спомен како светло во мрачните времиња. Можеби ликот на таа личност засекогаш ќе остане врежан во вашите мисли. Но едно е сегурно, вие ќе се промените засекогаш.

Можеби нема да знаете многу за таа личност, можеби ќе бидете сродни души или само предодреденни да завршите заедно. Или можеби судбината ќе направи да бидете одлични пријатели.
Но начинот на кој ќе ве насмее, ќе ви се обраќа, ќе направи да сфатите колку сте пропуштиле кај себеси сето ова време. Ќе направи да го гледате светот од друг агол.

Таа личност, која до неодамна била само странец,, ќе донесе светло во вас кое никогаш нема да згасне.
Еден ден ќе запознаете некој кој ќе го промени вашиот живот. Начинот на кој ќе ве смее, ќе разговара со вас, ќе ги согледува вашите квалитети, ќе направи да се чувствувате повредни од било кога. Таа личност постои и наскоро ќе влезе во вашиот живот!

Прегледи:
790
Објавено на:
15.12.2019