Категории

„Насмевката не чини ништо, а многу вреди“ – најважните животни совети од Дејл Карнеги

„Бидете зафатени. Тоа е најевтиниот лек на светот, но и еден од најефективните. “

Писател, психолог и педагог, Дејл Карнеги размислувал и живеел по принципот „во светот нема лоши луѓе“. Постојат само непријатни околности кои лесно можат да се изменат. Доволно е само да го промените својот однос кон нив. Затоа поради непријатните околности не треба да се расипе животот и расположението на околината.
Тој исто така разработил сопствена концепција на бесконфликтниот и успешен однос. Имал многу следачи на својата теорија, но и такви кои биле против неа. Меѓутоа, никој не останал равнодушен, а неговите совети е корисно да се послушаат.

-Секој човек, барем пет минути дневно е будала. Вистинската мудрост се сведува на тоа тој временски лимит да не се прескокнува.

-Ако судбината ти подари лимони, направи од нив лимонада.

-Научете да се ставате себеси во положба на другите и сфатете што им е потребно нив а не вам. Цел свет ќе биде покрај тој кој ќе успее да го направи тоа.

-Бидете зафатени. Тоа е најефтиниот лек на светот, но и еден од најефективните.

-Ако посакате да промените некого, започнете од себеси. Тоа е корисно и безопасно.

-Замисли ги најлошите последици кои може да ги предизвика твојата постапка, однапред помири се со нив и потоа дејствува.

-Насмевката не кошта ништо, но вреди многу.

-Луѓето не ги интересираме нити јас, нити вие. Наутро, напладне, навечер, тие се занимаваат само самите со себе.

-Кога човек ќе започне војна против самиот себе тој веќе вреди нешто.

-Јасно е дека вашиот маж има недостатоци, но да е светец никогаш не би се оженил со вас.

-Тајната на нашата несреќа е во тоа што имаме премногу слободно време да размислуваме за тоа дали сме среќни или не сме.

-За мудриот човек секој ден почнува нов живот.

-Не утре. Денот на човековото спасение е денес.

-Не плашете се од непријателите кои ве напаѓаат. Плашете се од пријателите кои ви ласкаат.

-Стравот постои само во вашиот ум и никаде на друго место.

-Однесувај се како да си среќен и ќе станеш вистински среќен.

Прегледи:
463
Објавено на:
21.12.2019