Категории

Шарлиз Терон во оригинална, моќна класична комбинација повторно одржа модна лекција

Актерката уште еднаш го покажа својот истенчен беспрекорен моден вкус

Шарлиз Терон важи за една од најубавите жени во Холивуд, а исто така и за една од најдобро облечените.
На њујоршката проекција на нејзиниот најнов филм „Bombshell“, Шарлиз се појави на црвениот тепих облечена во модно издание за кое ќе се зборува уште долго. Ако на некоја свеченост не сакате да носите фустан, нема да пронајдете подобра модна инспирација од модниот избор на оскаровката.

Убавата актерка избра шик комплет: спој од бело одело со класичен крој и палто со „лилјак“ ракави и дискретно заводливо деколте. Оваа комбинација избра да ја збогати со црни шпиц салонки, плик ташна, минимален накит и нејзината препознатлива кратка „залижана“ фризура која е вистински хит во Холивуд.

Прегледи:
471
Објавено на:
19.12.2019