Категории

Фенг Шуи: Совети за мир и добра енергија за време на празниците

Иако се радувате на празниците, овие денови честопати се исполнети со нервоза, замор и чувство на разочарување и очај.

Дали вашите празнични забави се фрустрирачки или депресивни? Дали семејните собири претставуваат повеќе напор отколку задоволство? Пред да ги обвинувате своите најблиски за стресот, размислете за вашиот дом и погледнете како е украсен за време на празниците.

 

Постојат неколку едноставни совети кои ќе ви помогнат да постигнете пријатна атмосфера што ќе ви ја олесни вознемиреноста и напнатоста. За украсување на вашиот дом, обично користите премногу светло црвена и многу сјајни предмети, свеќи и ламби. Целиот овој декор може да допринесе за нервоза бидејќи го енергизира вашиот ум. Поради оваа причина, се препорачуваат темно зелените украси за да имате позитивно расположение во вашиот дом. Зимзелени гранчиња, венци, украси и зелени чаршави во голема мера ќе го намалат прекумерното влијание на црвената и преголемата светлина.

 

Често се случува да соберете многу новогодишни украси низ годините, затоа што секоја зима купувате нешто ново, без да ги фрлате старите. Не ги користете сите украси, само изберете што навистина ви се допаѓа и не заборавајте да обрнете внимание на нивната количина. Бидејќи вашиот дом е полн со мебел, дури и без дополнителни украси, можете лесно да создадете премногу зафатен простор, што доведува до нервоза и  расправии. Одеднаш, вашиот простор станува многу помал отколку предходно и тогаш станувате малку клаустрофобични. Ако е можно, препорачливо е да се отстранат неколку помали парчиња мебел за да се избегне пренатрупаноста и тешкото движење низ куќата. Според тоа, изберете елка со вистинска големина и не претерувајте. Преголемата елка ќе го затвори целиот простор на ист начин како да сте ставиле огромен масивен плакар во мала просторија.

Прегледи:
520
Објавено на:
19.12.2019