Категории

10 интересни факти за костените

Студени вечери и печени костени пред телевизор одат рака под рака.

Затоа ви откриваме 10 интересни факти за оваа вкусна зимска храна.

 

  1. Костените се одгледуваат повеќе од 4000 години.

 

  1. За христијаните, костенот ја симболизира чистотата.

 

  1. Во Турција и делови од Европа и Азија, костенот ги заменува житарките како извор на јаглени хидрати.

 

  1. Во Јапонија, Италија и Франција, костенот традиционално се смета за храна на сиромашните.

 

  1. Костените се единствените орашести плодови кои содржат витамин Ц (100 гр обезбедуваат 40% од дневните потреби за овој витамин).

 

  1. Во Јапонија костенот претставува мајсторство и моќ и традиционално се служи за Нова Година.

 

  1. Костенот е популарен во северна Кина, Кореја, Југоисточна Азија, Турција и некои други европски земји.

 

  1. Кина произведува двојно повеќе костен од својот најголем конкурент, Турција.

 

  1. Најголемото и најстарото дрво костен расте во Сицилија на планината Етна. Тој е стар помеѓу 2000 и 4000 години, со дијаметар на дрвото од скоро 58 метри.

 

  1. Просечен животен век на дрвото костен е помеѓу 200 и 800 години.
Прегледи:
850
Објавено на:
20.12.2019