Категории

Од почит кон себеси, не враќај се онаму од каде што еднаш те истерале

Од почит кон себеси, не враќај се кај оние кои веќе еднаш те оставиле и гледајќи ги твоите солзи само си заминале без збор

Не враќај им се на оние кои уживале во твојата ранливост затоа што на тој начин можеле да прават што сакаат без страв дека ќе им вратиш или ќе ги запреш во нивните намери. Не враќај им се на оние кои постојано ги менувале своите чувства спрема тебе, во еден миг те опсипувале со своите позитивни чувства, а веќе во другот те оставале во студ.
Не враќај им се на оние кои ги игнорирале твоите повици оправдувајќи се дека не слушнале или не знаеле. Ги слушнале, но твоите повици не им биле приоритет, не им биле дури ни во првите десет. Не враќај им се на оние кои преминале на другата страна на улицата кога би те виделе само за да те заобиколат и избегнат затоа што имале други планови или рачунале на некој друг.
Не враќај им се на оние кои очекувале дека ќе им бидеш на располагање секогаш а никогаш не го направиле истото за тебе.

Од почит спрема себеси, не враќај им се на оние кои те опсипувале со убави зборови и поклони, а те изневерувале каде што ќе стигнат, затоа што верувале дека нивната игра може да трае вечно и дека нема да откриеш. Имај почит спрема своето срце на кое не можеш да му одредиш колку може да издржи и поднеси и себеси на кој во иднина мораш да му објаснуваш зошто постојано си се враќал на истите грешки и зошто не си научил ништо од нив.

Сеќавај се секогаш на оние кои те скршиле, те фрлиле во очај и депресија и сфатиле дека другиот пат тоа не може да донесе среќа и радост. Верувај им на искуствата на животото и ќе доживееш помалку разочарувања затоа што луѓето ретко се менуваат. Вистина е дека секому мораш да дадеш и втора шанса но не да бидеш докрајчен туку да бидеш внимателен и да провериш дали пред тебе навистина стои променета и поинаква личност од тоа каква што беше претходно.
Од почит кон себеси, не враќај се онаму од каде што веќе еднаш беше избркан!

Прегледи:
715
Објавено на:
23.12.2019