Категории

Пуштете ја погрешната личност, за ВИСТИНСКАТА да може да влезе во вашиот живот

Сите можеме да стигнеме до момент во животот кога ни е тешко да пуштиме некого за кого мислиме дека го сакаме.

Ако го читате ова, и имате некој посебен во својот живот кој не се однесува со вас на начин на кој заслужувате некој да ве третира – ве молам, направете си себеси услуга, и пуштете го.

Затоа што, ако се врзувате за некој кој не ве третира правилно и ви се чини дека не се грижи за вас, тоа нанесува многу поголема штета на вашата личност во иднина отколку што мислите.
Заслужувате некој кој ќе ве прави среќни секој ден, не некој кој го мрзи да ве праша како ви поминал делот.
Ако се држите до погрешната личност подолго време, можеби ќе пропуштите да ја запознаете онаа вистинската.

Немојте да сфаќате погрешно, едноставно знаеме колку е тешко да се напушти токсичната врска. Но, можете да го направите тоа.
Можеби сега мислите дека може да се промени, дека еден ден ќе се разбудите и вашата врска магично ќе стане совршена. Но нема. Луѓето не се менуваат освен ако не го сакаат тоа самите, и ако навистина гледаат проблем во своето однесување.

Но во овој миг, ако чувствувате дека тие не се трудат, зошто да останете во таква врска? Зошто да губите време?
Таму некаде постои некој кој ќе ве третира на начин на кој вистински заслужувате, некој кој ќе биде неверојатен за вас. Некој кој ќе ве почитува и сака, ќе биде љубезен и драг.
Немојте да се задржувате. Немојте да трошите драгоцено време со личноста која не ве прави среќни. Имате избор. Можете да одите и да ја пронајдете вашата среќа некаде на друго место.
Љубовта ќе ве пронајде кога ќе бидите спремни. Првиот чекор е да ја пронајдете среќата внатре во себе.

Прегледи:
482
Објавено на:
25.12.2019