Категории

Ја пронајдовме ташната на сезоната што ќе ја посакате веднаш!

Ташните се дефинитивно моден додаток, кој може да ја промени целата приказна, која со себе го носи нашиот аутфит. Иако во текот на зимата избираме малку повеќе потемни тонови и поедноставни парчиња, овој пат пронајдовме ташна која нема да го остави никој рамнодушен.

Инстаграм е веќе подолго време дневна доза на инспирација и со само неколку клика може да најдеме посебен и уникатен дизајн кој ќе и даде на секоја, дури и наједноставната облека, посебна димензија.

Ташната што ни го привлече вниманието е во облик на ѕвезда и е украсена со бисерни мониста, а преставува вистински додаток на секој празничен изглед. Станува збор за ташна од брендот  „Нордстром“ од славниот блогер Блер Еди.

Иако станува збор за модел со помали димензии, ташната е доволно голема за да се сместат сите мали работи што ни се неопходни во текот на денот.

Оваа ташна е идеална за носење со минималистички парчиња, кои ќе и овозможат да завладее со целиот изглед.

Прегледи:
496
Објавено на:
29.12.2019