Категории

Неверојатни предности во поминување време во самотија

Да се поминува време сами со себе не е само корисно, туку е и доста пријатно, затоа што можете да правите што сакате, кога сакате и сѐ што сакате.

На пример можете да пишувате пораки во кревет во пижами во 13:00 часот. Сите задачи можете да ги извршите без прекинување. Не морате да објаснувате никому ништо. Можете да носите пижами, тренерки, или било што друго. Да, екстроверните луѓе исто така би требале да поминуваат време во самотија. Еве зошто е тоа корисно:

Поттикнува радост
Науката потврдува дека кога поминува време самите со себе, пронаоѓаме мир. Намерната самотија ја полни нашата енергија и така можеме да се опоравиме од сите неуспеси. Осаменоста може да доведе до опуштање и намалување на стресот кога поединците се чувствуваат непријатно.

Ве прави подобар пријател
Никој не може да биде достапен 24/7 и 365 дена во годината. Кога ќе ги наполните батериите во самотија, можеме подобро да се интегрираме и поврземе со другите. Дури постојат истражувања кои сугерираат дека поминувањето доволно време во самотија е важна компонентна за доброто функционирање на друштвениот живот – така да, ако сакаме максимално да го искористиме своето време со луѓето, треба и ние да поминуваме доволно време далеку од нив.

Подобро спиете
Едно истражување покажало дека паровите, во просек 50 отсто, трпат промени во текот на спиењето додека го делат креветот. Ако спиете со партнерот и двата спиете добро, нема потреба ништо да менувате, ако некој од вас не спие добро, ќе ви биде од корист да престанете да го делите креветот.

Ве прави подобар родител
Намерното трошење време со себе ја зголемува способноста за емпатија, велат стручњаците. Кога ќе излезете да прошетате сами или да читате книга, без сомнение е најдоброто кое што можете да го направите за себе и своите деца. Исто така и на мајките им е потребно време одвоено од децата за да се освежат и да го наполнат тој длабок резервоар кој е потребен за нега.

Лек за телото и духот
Кога поминуваме време самите, ослободени од обврски, тоа време ни припаѓа нас. Нуди ретка прилика да се фокусираме на сопствените потреби и желби, за разлика од потребата на другите. Искористете ја прилика и кажете си на себеси: „Ова е време кое можам да си го пружам на себеси.“

Прегледи:
586
Објавено на:
01.01.2020