Бидејќи веќе нè зафати празничната еуфорија, веќе размислуваме и за фризури за новогодишната ноќ. Овој пат се решивме за едноставна елеганција и за вас избравме 3 фризури кои се многу лесни за правење, а впечаток кој ќе го оставите биде софистициран и во склад со вашата комбинација на облека.
- Бујни локни
Локните се синоним за холивудски гламур и нашата омилена фризура за сите специјални прилики, но за најлудата ноќ во годината, бујните, гламурозни локали се одличен избор. Стилизирањето е лесно, ако правилно ја подготвите косата. Целиот аутфит надополнете го со интересна шминка и интересен накит.
- Висок реп
Ако вашиот аутфит е прилично впечатлив, одлучете се за малку поедноставна фризура како висок реп. Оваа фризура е готова за само неколку секунди, а ако сакате малку поатрактивна верзија украсете го со некој додаток за коса.
- Плетенка
Плетенките се одличен детал за секоја елегантна фризура, без разлика дали е реп, пуштена коса или елегантна пунџа. Ако сте се одлучиле за нежна шминка и романтична комбинација, завршете го изгледот со романтични плетенки.