Виолетовата боја дефинитивно совршено и стои
Оваа сезона, дизајнерите решија си да играат со модата и да ги заменат сите вообичаени шаблони со нови.
Иако потемните и земјените нијанси се карактеристични за зимата, ова не е случај оваа сезона. Посветли бои, како што е оваа пастелно виолетова, се прогласени за најдобар избор. Костумот во кој Шарлиз Терон се појави на еден настан е голем тренд, а со изборот на оваа боја таа направи вистински погодок.
Од сите трендови, трендот на костуми изгледа дека најмногу ги освои дамите ширум светот, па затоа тие се многу чест избор. Од деловни состаноци, па се до црвениот тепих, дами во костуми можете да видите насекаде.
Платинастата боја на коса во комбинација со овие виолетови тонови изгледа одлично. Критичарите се едногласни, вака изгледа вистинската холивудска дива.
Единствената замерка е за бојата на кошулата. Да била во комбинација со сива боја, стајлингот би бил подобар.
Дали вака облечени би сакале да одите на свечен настан? Дали и вашето срце го освои овој тренд?