Категории

Илина Арсова е првата Македонка која ги искачи највисоките врвови на седумте континенти

Планинарката Илина Арсова е првата Македонка која ги искачи седумте највисоки врвови на седумте континенти. Последниот врв во низата беше Винсон кој се на наоѓа на висина од 4892 метри на Антарктикот.

Арсова е прва планинарка со ваков подвиг во нашата земја, а со ваков учинок можат да се пофалат околу 60-тина жени планинарки од светот.

„Со ова искачување станав прва жена од нашата земја и една од 60 во светот кои ги искачиле највисоките врвови на сите континенти (по Меснерова листа), како врвен успех во планинарските спортови. Незаборавно искуство и прекрасно чувство! Огромна благодарност до Агенција за Млади и Спорт и Федерација за планинарски спортови, како и сите останати поддржувачи, спонзори и пријатели кои веруваа и беа со мене. Нека ова биде поттик за сите вас да верувате во невозможното и да сонувате бидејќи со многу воља, упорност и труд, порано или подоцна соништата се остваруваат!“ – стои во објавата на Арсова после искачувањето на врвот Винсон.