Категории

Eвропски острови каде и во зима може да шетате во кратки ракави

Зимата е навистина студена, поради што многу луѓе најчесто носат повеќе слоеви на облека.

Сепак, за оние кои не ја сакаат зимата, постојат дестинации кои можат да ги посетат за време на зимскиот период, и тоа во кратки ракави.

Канарски Острови

Канарските острови се најтоплото место во Европа во текот на есенските и зимските месеци. Сместени длабоко во Атлантскиот океан, покрај крајбрежјето на западна Африка, температурите тука се доволно високи за сончање, а обидете се и да се искапете. Просечната температура е 21 степен Целзиусов. Овој остров нуди толку спектакуларни и драматични пејзажи за истражување, што вреди да се посетат.

Мадеира

Мадеира е португалскиот бисер на Атлантикот и е вреден за истражување во текот на целата година, а особено е убав да се доживее во зима, токму поради помалиот број на туристи и реалните цени. Главниот островски град Фуншал претставува прекрасна мешавина од модерно и историско

Крит

Најголемиот грчки остров се наоѓа длабоко во сочневиот Медитеран. Во текот на зимските месеци има просечна температура од 17 степени Целзиусови, коишто воедно се искачуваат и до 21 степен. Токму тука може да ја доживеете нежната страна на зимата, на бројните пусти плажи, но и во одличните ресторани и барови. Крит е одлична дестинација и за љубителите на историјата бидејќи токму тука се пронајдени остатоците од првата цивилизација на подрачјето на Европа.

Кипар

Кипар е уште еден од островите кој што вреди да се посети текот на студените зимски месеци. Температурите тука се движат околу 20-от степен на крајбрежјето, што значи дека можете да се бањате и за време на зимата.

Малта

Малта е една од најдобро чуваните тајни на Европа, често заборавена после летните месеци, што значи дека улиците на главниот град Валета, токму во зимските месеци се поприлично празни. Температури се движат околу 20-от степен Целзиусов ќе ви овозможат еден поинаков зимски одмор опкружени со речиси идилично тиркизно море.

Прегледи:
562
Објавено на:
03.01.2020