Категории

Нема ништо да научиш во животот од оние кои зборуваат премногу

Нема ништо да научиш од оние кои ти ветуваат дека ќе те спасат од сите проблеми, од оние кои имаат решение за секој твој проблем. 

Нема ништо да научиш од оние кои ти ветуваат дека ќе те спасат од сите проблеми, од оние кои имаат решение за секој твој проблем. Има такви кои се нарекуваат спасители, гуруа, советници, тренери, но после секоја средба со нив повторно го немаш мирот кој ти го ветиле, можеби ќе почувствуваш некое моментално задоволство кое после некое време набрзо ќе спласне.

Нема да научиш ништо во животот од оние кои зборуваат многу, кои се силни на зборови со кои одлично се служат па после тоа веќе не знаеш ни што ти рекле ни како ти помогале. Повеќе ќе научиш од луѓето чии зборови се совпаѓаат со нивните дела, луѓе на кои нивната единствена титулата им е човек затоа што не им треба некоја фасцинантна теорија или некој длабокоумен психолошки совет, доволна е само нивната близина за да се чувствувате добро.

Не ти требаат мотивациони пораки затоа што луѓето кои ти ги даваат не живеат поинаку од тебе. Ти треба некој кој ќе биде со тебе во миговите кога ти е најтешко, некој кој нема да глуми некои преголеми изливи на нежност затоа што за тебе има еден искрен збор без многу патетика и усиленост.

Ти треба некој кој ќе те сака таков каков што си, кој ќе се спушти на дното да биде со тебе, некој кој не се умислил дека е битен и незаменлив во твојот живот. Затоа што со тек на време човек се уморува од се, се уморува од луѓето и нелуѓето, од давањето а да не добива ништо за возврат, нити емоција нити убав збор нити охрабрување. Кога ќе најдеш таква личност ќе имаш рамо на кое ќе можеш да се потпреш и исплачеш и да го искажеш сето она кое те мачи.

Прегледи:
375
Објавено на:
04.01.2020