Кога ќе допреш до нејзиниот дел, оној кој добро го сокрила, сметај дека си успеал. Ќе ти припаѓа со цело свое битие.
„Ме изненади тој женски инает. Поцврст и од камен, поголем и од планина, по истраен и од упорност. Нивниот инает претежно се буди после разочарувањето и тогаш те закопува. Колку да им се јавуваш, ќе те сметаат за мртов. Што и да правиш, нема веќе да бидеш истиот во нивните очи, нивната глава, нивното срце. Ќе те избришат како никогаш да не си постоел, а си бил смислата на нејзиното постоење.
Вистина, не се ни луѓето мали букви на хартија за да ги избришеш со гума за бришење, но затоа некои луѓе се големо ѓубре А добро е познато каде им е местото на таквите. Во кантата за отпад.
Ќе се ослободиш од нив и чувствуваш олеснување. Дишеш полесно. Не ти паѓа на памет да правиш иста грешка повторно. Уживаш во самотијата од која си бегал со години, зборувајќи дека осаменоста е пекол.
Напротив, поедини луѓе се пекол. Да бидеш сам не е срамота. Да бидеш со било кого – е тоа веќе е!
Затоа од овие причини, опасно е да разочараш жена.
Ќе ти се чини дека се претворила во чудовиште, бесчувствителен монструм, одбивна недопирливост – што е погрешно. Таа умее да сака, може да понуди безусловна љубов. Да го вложи и последниот атом на сила. Само не сака. Ќе го прифати оној кој ќе го стори истото и за неа.
Осаменоста е избор, а не нешто што се мора.
Кога мажите би могле да ѕирнат во женската глава, барем на кратко, ќе видат дека жените скоро никогаш не се она кое што се претставуваат. Можеби на прв поглед се чини дека се само свои, како го оттурнуваат некого кој ќе им се доближи и немаат потреба од врзување. Но тоа е обична замка. Тие имаат огромна потреба, само не за било кој. Нив не им смета осаменоста, тие се научени да преживеат и без ничија помош.
Научиле да чекаат слични на нив, затоа што им е преку глава од различните и алчни. Дури кога ќе се доближите доволно со таа жена, ако ви дозволи ќе го видите нејзиното вистинско лице. До тогаш не знаете ништо, исклучок е нејзиното име и надворешниот изглед. Од внатре е сосема поинаква. Поубава и повредна. Чиста и недопрена. Кога ќе допреш до нејзиниот дел, оној кој добро го сокрила, сметај дека си успеал. Ќе ти припаѓа со цело свое битие. Но тоа не е воопшто едноставно. Човек мора да вложи доста труд за да стигне до најскриената женска одаја. Посебните жени не се отвораат преку ноќ, особено не преку лажни ветувања.
Откако ќе добиеш и последен грам од нејзиното внимание, ќе можеш да ја чуваш и негуваш. Ќе те сака како никој претходно. Затоа што само тоа се нарекува среќа. Сето останато е минлива авантура, во која вистинските дами не се впуштаат така лесно.“