Категории

Езерото Атабад фасцинира со својата убавина: Настанало како резултат на природна катастрофа, а денес е туристичка атракција

Природните катастрофи предизвикуваат голема штета поради која честопати жителите страдаат и најчесто таа штета не може да се надокнади. Сличен инцидент се случил во 2010. година во северен Пакистан. Меѓутоа, оваа катастрофа позади себе оставила глетка која освојува многу туристи.

Езерото Атабад, лоцирано во Гоџал, во планинската долина Хунза, на север од Пакистан, настанало 2010. година во селото Атабад по голем одрон на карпи.

На тоа место пред тоа бил само планинскиот терен и село со мештаните кои го живееле својот живот со речиси воопшто туристи од целата земја.

Одронот бил кобен за 20 мештани во долината на реката Хунза и предизвикал невидена штета за илјаа луѓе во околината. Текот на реката Хунза бил блокиран пет месеци, што го оневозможило нормалниот живот во околните села. Поради сето тоа, речиси никој не можел ни да сонува дека од една таква катастрофа ќе настане нешто толку убаво.

Прегледи:
576
Објавено на:
08.01.2020