Категории

Ве мачат акни и масна кожа? Ова е најефикасното решение за вашиот проблем!

Проблемот со масната кожа на лицето е еден од најголемите проблеми со кои се соочуваат луѓето во сите возрасти, па затоа е потребна адекватна нега за да се реши тој проблем. Медицински, оваа состојба се јавува како резултат на производството на голема количина на себум кој го лачат потните жлезди, а како последица на тоа лицето делува неуредно.

Како да знаете дека имате масна кожа?

Прилично е воочливо и очигледно. Масната кожа може да сјае, а доколку вешто ја прикривате, со мозолчињата можеби ќе се изборите малку потешко. Масната кожа е склона кон акни повеќе од останатите типови на кожа. Најчестите видови на акни се комедоните, микро-цисти, себореа, папули, фистули и папило-фистули. Исто така, масната кожа е карактеристична со многу крупни пори кои на прв поглед изгледаат многу грубо.

Поради сите овие карактеристики, очигледно е дека масната кожа е многу проблематична за одржување. Но, студиото за убавина La Sensa има решение и за овој проблем. Во соработка исклучиво со најквалитетните производи и брендови, во ова студио може да уживате во соодветните третмани за вашата кожа. Без разлика дали станува збор за масна, оштетена, сува кожа, решението ќе го пронајдете во La Sensa.

Кога зборуваме за масна кожа подложна на акни и митесери, студиото за убавина La Sensa има одлично решение за вашиот проблем кој постојано се повторува и ве измачува – Dermo Control за чистење на акни и регулирање на Себумот на познатиот бренд Anesi Beautѐ.

Која е функцијата на Dermo Control врз кожата на вашето лице?

  • Обезбедува длабок пилинг, за ефективно обновување на кожата.
  • Ги санира и отстранува нечистотиите акумулирани на површината на кожата.
  • Ја балансира микро-биотичката флора и превенира создавање на црнки.

Како изгледа третманот при третирањето на воспалени и црвени акни?

Најпрво се чисти лицето од шминка, па се тонизира со Losion control. Маска + активатор се мешаат и се нанесуваат на лицето. Откако ќе отстојат 3-4 минути, се масира лицето уште 2-3 минути со спатула се отстранува вишокот и со вода се брише.

Потоа се нанесува Gel Oksigen дебел слој кој се остава на лицето 5-10 минути и потоа се брише со вода. Од белата ампула Losion Concentrat се нанесува директно на акните и се остава да стои неколку минути за да се впие. Корективната крема се нанесува на цело лице и само се тапка да впие. Потоа следува кремата со висока УВ заштита која се нанесува, а остатокот се дава за дома на клиентката.

Каков е составот и дејството на маската блистер?

  • планктони: планктонот е комбинација на микроскопски алги и протозои, што лебат на површината на морињата. Богат е со концентрирани протеини- главна исхрана на раковите, мекотелите и ругите виови на водни животни. Има потхранувачки и регенеративни својства за кожата.
  • Коњско опавче: ги апсорбира минералите кои се наоѓаат во водата. Ги заштитува колагенските влакна и ја поттикнува еластичноста и заштитата на кожата. Има затегнувачки, смирувачки и заздравувачки својства.
  • Meadowsweet: Растение познато како Spiraea Umaria од фамилијата на рози што растат во ливади и прерии. Познати се по своите астригентни и конструктивни дејства врз порите.
  • Пеперминт: Ароматично растение кое расте во Европа богато со ментол (со освежувачки и смирувачки ефект)

Состав на Aktivateur маската

  •  хидроген пероксид со 2% концентрација на кислород (со дезинфекција и избелувачки ефекти)
  • камилица и невен – благотворно растение со смирувачко и антивоспалително дејство

Кои се предностите при користење на овие производи? 

  • обезбедува длабок пилинг за ефективно обновување на кожата
  • дејствува како силен регенератор на ткивата
  • ја обновува бактериската флора
  • спречува настанување на комедони

Колку често треба да го повторувате третманот?

1. Масна кожа со акни

За оптимални резултати третманот се препорачува да се направи 4 пати во текот на еден месец и потоа третманот да се повторува еднаш месечно.

2. Масна кожа/кожа склона на мастење (со митесери)

Се препорачува третман еднаш неделно во текот на првите две недели, а потоа се препорачува третманот да се повтори еднаш месечно.

Ослободете се од проблематичната кожа, дозволете си правилна нега со најквалитетни производи и заблескајте во полн сјај. Вашето лице е огледало на вашето здравје и физичка состојба, погрижете се секогаш да биде негувано и третирано од страна на вистински професионалци. Студиото за убавина La Sensa ви нуди сѐ што ви е потребно да го добиете изгледот кој отсекогаш сте го посакувале.

Прегледи:
969
Објавено на:
09.01.2020