Категории

Рецепт на денот: Колач од нутела и бисквити

Нутелата е омилена на многумина, особено ако е една од состојките на вашиот омилен кремаст колач, кој се приготвува многу брзо.

 

Сè што ви е потребно е …

 

За фил:

  • 3 шола слатка павлака
  • 2 лажици шеќер
  • 1/2 лажичка цимет
  • 2 лажички екстракт од ванила
  • 1/2 шол нутела

 

За подлогата:

  • 150 гр. мелени бисквити
  • 100 гр. путер
  • 1 лажица какао

 

Подготовка:

Мелените бисквити измешајте ги со стопениот путер и какаото. Добро измешајте ја смесата додека не се изедначи убаво. Добро притиснете ја смесата во калапот за печење и печете 10 минути на 170 степени.

Изматете ја павлаката со миксер, а потоа додајте го шеќерот, екстрактот од венила и цимеотт и матете малку повеќе. Додадете ја нутелата и лесно измешајте ја со лажица.

 

Истурете го филот врз тестото и оставете го колачот некое време во ладилник за да се стегне филот.

Прегледи:
822
Објавено на:
11.01.2020