Силни зборови од големиот ум
[adrotate banner=”30″] |
Погледнете длабоко во природата, и тогаш ќе разберете се многу подобро.Алберт Ајнштајн не само што важи за најголемиот генијалец и научник на сите времиња, туку исто така важи за и еден од најголемите мудреци. Поради неговата интензивна брилијантност и способност да го сфати возвишеното размислување кое другите не го правеле, тој бил често повикуван да го даде своето мислење за теми во и надвор од науката и физиката.
Како и пред сто години, неговите зборови и ден денес се силно почитувани и уважувани, а овие нешта се едни од оние кои секој човек мора да ги знае и применува.
-Немојте да се обидувате да станете успешен човек, подобро обидете се да станете човек кој вреди.
-Образованието е она што останува откако сме го заборавиле она научено во училиште.
-Не можеме да ги решиме нашите проблеми со истото размислување кое сме го користеле за да ги создадеме.
-Животот е како возење со велосипед. За да останеме балансирани, мораме да се движиме.
-Важно нешто е да не престанеме да прашуваме. Радозналоста има свои причини за своето постоење.
-Човек треба да го бара она што е, а не она што мисли дека треба да биде.
-Држете се понастрана од негативните луѓе, тие имаат проблем за секое решение.
-Логиката ве води од А до Б. Фантазијата ве води насекаде.
-Никогаш не се откажувајте од она што сакате да го направите. Личноста со големи соништа е помоќна од оние со фактите.
-Слабите луѓе се одмаздуваат. Силните луѓе простуваат. Интелигентните игнорираат.
-Бродот е секогаш сигурен на копно, но не е изграден за тоа.
-Она што е исправно не е секогаш популарно, и она што е популарно не е секогаш исправно.
-Образованието не е учење на факти, тоа е тренирање на умот да размислува.
-Фантазијата е по важна од знаењето.