Категории

Грејс Ганем – Модна блогерка која ќе ви покаже како да останете шик и модерни и после 50-тата

Останете модно забележани и видени и после 50-тата

„Еднаш кога жена ќе премине одредени години, веќе никој не ја забележува. Јас не обрнувам внимание на тоа. Нештата ги носам на забавен начин. Не треба да исчезнам..“ – изјави Грејс Ганем во интервјуто за америчкиот Vogue, која е една од најинспиративните модни инфлуенсерки денес.

Благодарение на својот уникатен стил таа стана street style ѕвезда и модна инфлуенсерка која денес на нејзиниот Инстаграм профил ја следат повеќе од 100 илјади луѓе.

54-годишната Грејс е совршен пример како да се ужива во животот и модата и после педесеттите. Нејзиниот стил, став и страст спрема рушењето на границите кои се појавуваат пред жените откако ќе ги преминат четириесеттите или педесеттите години од својот живот, ги препознаа бројни светски модни и beauty брендови кои ја избраа токму неа како своја амбасадорка.

Во нејзините модни комбинации ќе забележите доза на екцентричност и темперамент за кои таа вели дека се базична карактеристика на неа и нејзиниот вкус. Таа го сака колоритот и кога експериментира со боите, но кога ќе забележите подобро таа секогаш избира класични и безвременски парчиња.

„На крајот од денот, вие сте она што е важно, а не облеката. Кога ќе се прифатите самите себеси, светот ќе ве види и доживее“  – вели Грејс.

Прегледи:
488
Објавено на:
15.01.2020