Категории

Барајте се себеси – Не им дозволувајте на другите да го одредуваат вашиот пат

„Тоа е ваш пат, и само ваш. Другите можат да чекорат со вас, но никој не може да оди наместо вас.“

Индијанците биле горди и мудри луѓе и навистина живееле во совршена симбиоза со природата. Нивниот етички кодекс се состои од правила по кои се живее и спротивно од другите кодекси, овој зборува за личноста слобода, почит, љубов и постоење во највисока форма.

1.„Станете со сонцето да се молите. Молете се сами. Молете се често. Големиот Дух ќе слуша, само ако вие проговорите.“

2.„Бидете толерантни спрема луѓето кои се изгубени на својот пат. Незнаењето, вообразеноста, бесот, љубомората и алчноста произлегуваат од изгубени души. Молете се да го пронајдат својот патоказ.“

3.„Барајте се себеси, сами. Не дозволувајте им на другите да го создаваат вашиот пат. Тоа е ваш пат, и само ваш. Другите можат да чекорат со вас, но никој не може да оди наместо вас.“

4.„Не го земајте она кое не е ваше било да е од личност, заедница, дивина или култура. Ако не е заработено и не е дадено. Не е ваше.“

5.„Почитувајте го тоа што се наоѓа на оваа планета – било да се луѓе, животни или растенија.“

6.„Почитувајте ги мислите, желбите и зборовите на луѓето. Никогаш не ги прекинувајте другите, не исмевајте и не навредувајте. Дозволете секоја личност да се изразува лично.“

7.„Никогаш не зборувајте лошо за другите. Негативната енергија која ја испраќате во универзумот ќе се дуплира и ќе ви се врати вам.“

8.„Сите личности прават грешки, и грешките можат да бидат простени.“

9.„Лошите мисли предизвикуваат болест на умот, телото и духот. Вежбајте оптимизам.“

10.„Природата не е ЗА нас, таа е ДЕЛ од нас. Таа е дел од семејството на Земјата.“

Прегледи:
583
Објавено на:
02.03.2020