Каде го изгубивме човекот во нас, каде ја изгубивме човечноста?
Живееме во некое чудо време каде се има своја цена, се нешто се купува и продава, а каде останаа вистинските вредности, она што е вредно за внимание, она што нити се купува нити се продава.. Образот, ветувањата, почитувањето, традицијата, моралот, дадениот збор? Каде е сето тоа?
Во домот на моите родители научена сум дека не се ветува она што не може да се исполни, дадениот збор е светост, а моралот и почитувањето го чуваат образот, дека секој човек се почитува, без оглед на тоа кој е, како се вика, од каде доаѓа..
Дека не е важен неговиот верски и почитички статус, нити неговото потекло, нити дали е богат или сиромашен, туку колку е и дали е човек.
Од богатството нема да дознаеш ништо, но ќе дознаеш од постапките, и зборовите некогаш умеат да излажат, но постапките никогаш, делата не лажат.
Живееме во некој свет каде не е „модерно“ да бидеш поштен, каде се мериме со колите и парите.
Какво е ова време во кое жените се ценат според атрибутите, каде полу голи се шетаат по улици, објавуваат милион слики по друштвените мрежи и очекуваат да бидат вреднувани според тоа колку лајкови имаат, зарем немате ли малку самопочит, зарем немате ли некој да ви каже, брат, татко дека сето тоа не е во ред, зарем не се срамите од вашата гола кожа пред милион очи, утре ќе бидете нечии мајки, нечии сопруги, снаи, зарем не ви е жал за вашето идно дете?
Тоа не е „мода“, драги мои. Тоа е вулгарна голотија и причина поради која мажите ги проценуваат жените, не чудете се ако некој ве нарече „ку*ва“, самите се претставувате на тој начин, соземете се, не ги валкајте оние малку поштени девојки, не го валкајте женскиот род во машките очи.
Чудни се овие времиња кои дошле, се се купува и продава, а човечноста се крие од очите и излегува на површина само кога ќе не стигне некоја неволја.