Категории

Ако не прашаш, одговорот секогаш ќе биде – „Не“

„Ако не тргнеш по она што го сакаш, никогаш нема и да го имаш. Ако не прашаш, одговорот секогаш ќе биде не. Ако не зачекориш напред, секогаш ќе бидеш на исто место“

Дали некогаш сте зажалиле што сте дозволиле само да помине некој миг кој би ви донел можност за нова работа, повишување, кафе со згодниот дечко – само да сте кажеле нешто или да сте прашале?
Веројатно сите сме се нашле себеси во таква ситуација после која би сакале да викаме на самите себеси.

Се чини дека голем проблем на многу луѓе е претпоставката дека одговорот ќе биде „Не“ иако не ни го поставиле прашањето.

Вистината е таа дека никој не ужива во одбивањето. Никој не сака да слушне „Не“ како одговор на молбата која ја поставува пред другата личност и не верувам дека некогаш можеме во потполност да бидеме имуни на одбивањето или отфрлањето. Особено ако многу ни се допаѓа таа девојка или дечко или ако навистина ја сакаме таа работа.
Но ако одлучиме да живееме храбро – осудени сме на тоа да доживуваме и преживуваме многу одбивања. Единствен сигурен начин да избегнеме одбивање е целиот живот да седиме на страна и да молчиме.

Ако чекаме се додека тоа ‘нешто’  не го анализираме темелно, додека некој не не посоветува или ни даде насока, постои можност дека ќе чекаме засекогаш. Како писателката Одри Лорде напишала „Сфаќам дека – ако чекам се додека повеќе не ми е страв да делувам, пишувам, зборувам и бидам – на крајот ќе испраќам пораки и жалби од плочата, односно од другата страна.“

Она што би можело да ни помогне е прашањето „Што е најлошото што може да се случи ако прашам/побарам?“

Ако одговориме искрено на ова прашање, ќе сфатите дека тоа е всушност одоговорт „Не“ како нешто најлошо што може да ни се случи. Ако сме спремни вечно да седиме на страна и да живееме на начин да го немаме тоа што го посакуваме и што ни е потребно, тогаш всушност немаме што да изгубиме ако одлучиме да прашаме и побараме.

Прегледи:
572
Објавено на:
18.01.2020