Категории

Што и да правиш, биди добра кон твојата душа – На крајот од денот остануваш само ти

Сакам да ти кажам да не се обидуваш да трпиш, колку и да си мислиш дека тоа трпење има некоја цел и дека од него ќе се роди нешто добро. Трпењето не е компромис и не е толеранција, тоа е мачење на душата кое со текот на времето те троши и на крајот те крши како трска.
Поради тоа трпење стануваш човек кој не го познаваш, мрачен, депресивен, очаен.. Човек може да трпи многу нешта, но најлошо е кога мора да се трпи самиот себеси.

Сакам да ти кажам да не го мешаш трпението со трудот, тоа не е исто. Трудот и работата можеби ќе ти ги уморат рацете, зглобовите, кичмата, мозокот, трпението ќе ти ја умори душата. Трудот и работата ќе те подигнат, трпението ќе те спушти, во калта, под земја.

Но сите трпиме, помалку или повеќе, затоа што се плашиме, затоа што понекогаш ни е добро да бидеме во лошо познато, отколку во добро непознато. Затоа што живееме во страови, го правиме секој чекор со страв и прорачунато, да не има изненадувања.

Работи на себе, во себе, по себе, околу себе. Храни се со сето она што ќе направи да растеш, поради што и кога ќе останеш најосамената личност, дури и отфрлена од сите, нема да пропаднеш. Учи, вложувај во себеси за да не зависиш од било кој. Учи, работи, докажи се, осамостои се, напредувај, менувај го она што не ти се допаѓа, сето она кое те сопнува, немој да бидеш сенка, следи ги своите соништа.

Немој да правиш пресметки со љубовта и со луѓето, со нив никогаш не можеш да се пресметуваш, затоа што тогаш веќе не се работи за љубов и луѓе. Немој да собираш колку си дала и зошто толку ти се враќа во исто време. Колку се трудиш и како тие не се трудат. Немој така со љубовта.

Немој да ги вреднуваш луѓето спрема себеси, затоа што може да те заболи. Не сите имаме исто срце, нити на сите ни е подеднакво отворено. Знај дека следниот пат кога ќе тргнеш кон луѓето со големи очекувања, големите очекувања често ќе прераснат во големи разочарувања. Биди со отворено срце и ум, со широки раце и сочувство поради тоа што е исправно, а не затоа што си прорачунал дека треба да ти се врати со иста мера.

Не можеш сите конци да ги имаш во свите раце. Не можеш да го контролираш текот на животот, нити животот ќе направи баш се да биде онака како што си замислуваш. Звучи застрапувачки, но е вистина. Можеш само себеси да се подготвиш да пливаш добро кога ќе стигне некој голем бран. Тогаш покажи добро што си научил.

Не прави драма од животот. Не паничи, не паѓај во безволност, не очајувај, не проколнувај, се поминува. Не дозволувај поради другите да станеш бесна и огорчена личност, несигурна и нестабилна, повлечена и исплашена.

Немој да се лажеш себеси, затоа што кога ќе падне мрак ти си единствената личност со која ќе останеш, еден на еден. Со своите мисли и својата душа.
Зар навистина сакаш тогаш душата да каже дека си била груба спрема неа и дека те напушта?

Прегледи:
608
Објавено на:
03.03.2020