Категории

Многу лекции во животот мораш да ги научиш низ солзи

Ќе поминеш низ тие лекции изгребан, и после некое време кога ќе ги забележиш лузните, ќе ги нарекуваш по имињата на тие луѓе кои ти ги нанеле, ќе ги нарекуваш по времињата во кои си ги добил.

Нема друг пат, мораш да поминеш низ предавство, пат на измама, напуштеност од страна на другите за да ја научиш вредноста на вистинските пријатели, за да научиш да ја цениш личноста која останала покрај тебе кога сите останати избегале.
Некои лекции мораш да ги научиш низ солзи за да сфатиш како да се заштитиш од грабливците и оние кои се покрај тебе само поради некои интереси.

Мораш да почувствуваш. Како е да бидеш сам, како е тоа кога си со другите и повторно се чувствуваш осамен и како е тоа кога си навистина со некого. Ќе поминеш низ тие лекции изгребан, и после некое време кога ќе ги забележиш лузните, ќе ги нарекуваш по имињата на тие луѓе кои ти ги нанеле, ќе ги нарекуваш по времињата во кои си ги добил.

Многу лекции во животот ќе ги научиш низ солзи. Мораш да почувствуваш како е тоа кога им веруваш на другите и добиваш зариен нож во грбот, како е кога некому му го поклонуваш срцето, кога ги кажуваш своите тајни, го предаваш сето она што си и го поседуваш, а тој само се завртува и заминува без збор. Тие лекции не можат да се научат во училиште, не можат да те научат родителите на нив, не можат да ти ги пренесат твоите пријатели, само животот.

Нема друг пат и кога ќе станеш свесен дека го нема ти станува полесно, затоа што ги прифаќаш повредите и разочарувањата како дел од патот. Многу лекции низ животот мораш да ги научиш низ солзи и кога веќе мораш, не се противи и не одложувај. Колку побрзо ќе ги научиш, толку побрзо ќе стигнеш до мудроста на животот.

 

Прегледи:
511
Објавено на:
22.01.2020