Првото појавување на актерката на црвениот тепих по раѓањето на нејзиното 3-то дете
Блејк Лајвли ја започна својата турнеа за промовирањето на нејзиниот најнов филм – The Rhythm Section, а за оваа прилика таа се појави на црвениот тепих на премиерата во Њујорк во придружба на останатата актерска екипа.
Познатата актерка избра гламурозна црна тоалета од кадифе во стилот на стариот Холивуд, во комбинација со кожни ракавици и црни чизми. Целокупниот изглед го збогати со впечатлив бисерен накит украсен со дијаманти.
Блејк е една од ретките ѕвезди која нема свој личен стилист, па за сите свои стајлинзи е заслужна самата таа. За време на интервјуто на црвениот тепих која ја прашаа зошто нема свој личен стилист таа одговори: „Бидејќи јас сум контрол-фрик и имам големо его – тоа е можеби нај искрениот одговор. Ја сакам модата и сметам дека тоа е начин на изразување на личната креативност.“