Категории

Сосема поразлично: Црно-бел дезен во стилот на Џенифер Лопез

Комбинација на вечната класика во црно и бело, не е ништо ново, зависи од тоа кој го потпишува дизајнот кој што го носите .

Ќе се сложите дека не е тешко да изгледате елегантно ако искомбинирате црно-бели тонови, а притоа облечете и фустан во класичен крој.

Меѓутоа, кога ќе се одлучите за дезениран фустан во овие тонови, тоа и не мора да изгледа толку шик, освен ако не сте Џенифер Лопез како во овој случај.

Познатата пејачка и актерка се пофали со својот дневен глам стајлинг на својот профил на Инстаграм, коментирајќи го фактот дека изгледа прекрасно благодарение на потписот кој се наоѓа на нејзиниот фустан, како и нејзината чанта, а станува збор за италијанската модна куќа Валентино.

Сигурни сме дека не можете да си го дозволите овој фустан, кој вреди вртоглави 4.090 €!

Сепак, она што можете да направите е да се инспирирате од стајлингот на латино дивата.

Фустан во црно бели тонови со голем принт пресечен во половината, мини торбичка и кожни чизми кои се гужваат, врзана коса во пунџа и темни очила за сонце.

Ќе изгледате прилично шик, иако ќе немате потпис од луксузна модна куќа на ниту еден од предметите.

Прегледи:
411
Објавено на:
29.01.2020