Категории

Од 1. февруари учениците и наставниците без мобилни за време на часовите

Од 1. февруари учениците и наставниците во основните училишта во Ѓорче Петров наставата ќе ја следат без мобилни телефони. Пред почетокот на часот ќе треба да ги оставаат своите мобилни телефони во специјално изготвените џебови.

– Џебовите ќе бидат нумерирани со бројки по дневник на учениците. Целта е непречено одвивање на наставниот процес. За наставниците кои нема да ги почитуваат насоките, следува дисциплинска мерка – информираат од општина Ѓорче Петров.

Прегледи:
685
Објавено на:
29.01.2020