Животот не е замотан во црвена панделка, но сеедно е најдрагоцениот и најубав подарок. Без оглед на тоа колку животот не бил милостлив кон вас, секое утро станете, облечете се и живејте го.
Не чекајте прилика, не зборувајте си „сеуште не е време, сеуште не сум подготвена“.
Бидете подготвени секој ден, во секој миг да прегрнете се што ви нуди животот. Кога донесувате одлуки во кои сакате нешто да промените, можеби би било подобро наместо класичното „морам да ослабам“, „да јадам здраво“… изговорете ги овие нешта:
Ќе живеам.
Ќе сакам.
Ќе значам.
Тоа е совршен почеток.
Затоа што еден ден ќе се затекнете себеси како седите на клупа во паркот, под мирно и миризливо небо во една летна вечер, и може да се случи да сфатите дека повеќе немате време. И затоа е важно секој ден да се запрашате..
Дали живеев?
Обидувајте се да живеете секој миг со полна плуќа за ова кратко време на овој свет кое нуди безброј можности. Тие можности се толку јасни додека сме млади, но бледнеат на патот кон староста. Патувајте многу, смејте се често. Поделете се себеси со светот, бидете храбри. Стравот е кочница, нешто што е создадено да не ограничува.
Дали сакав?
Сакајте го семејството, сакајте ги пријателите. Сакајте го својот животен партнер. Но над се, сакајте се себеси. Затоа што понекогаш е најважно да сте си сами на себе пријател, затоа што сао ти можеш да се убедиш себеси да продолиш напред према успехот. Но во исто време, и ти си самиот на себеси најголемиот непријател, и можеш најмногу да си наштетиш. Сакај се слободно и безусловно. Затоа што ако има нешто бесконечно на овој свет, тоа е способноста да сакаме.
Дали сум значела?
Она што го оставаме зад себе е она што не прави бесмртни. Запрашај се „дали светот стана малку подобаро место за живеење затоа што постојам?“ Поставувај си го на себеси тоа прашање секој ден. „Како можам да го направам подобар за моите драги луѓе но и за мене?“. Никогаш не се поврзувај за нешта, туку за амбиции и вредности. Врзувај се за она што е нематеријално и ќе живееш засекогаш. А твоето влијание и значење ќе бидат запаметени засекогаш. И светот станал подобар затоа што ти си го направил таков.