Добро познатата изрека вели дека убавината е во очите на набљудувачот, а од кој агол на неа гледаат познатите дами, откријте преку нивните изреки.
„Најубавите нешта во животот не се видливи и не можат да се допрат, но можат да се почувствуваат во срцето.“ – Хелен Келер
„Додека бев девојка никој никогаш ми немаше кажано дека сум убава. На сите девојчиња би требало да им се кажува колку се убави, дури и ако не се.“ – Мерлин Монро
„Убавината на жената не е во облеката која ја носи, нејзината фигура или начинот на кој ја чешла косата. Убавината на жената мора да биде видлива во нејзините очи, затоа што тие се вратата до нејзиното срце – местото каде што царува љубовта.“ – Одри Хепберн
„Знаете ли кога се чувствувам најубаво? Кога сум со пријателките и се дружиме во нашиот мал круг.“ – Џенифер Анистон
„Мајка ми секогаш ми зборуваше. Без оглед на тоа колку е доцна, секогаш вади ја шминката. Секогаш!“ – Кетрин Зита Џонс
„Кога жената ќе престане да црвенее, го изгубила најсилното оружје на својот шарм.“ – Елизабет Тејлор
„Жените често ми приоѓаат со прашањето: „Сакам да изгледам како тебе откако ќе затруднам и родам дете..“ А јас им одговарам: „Па дали пред тоа сте изгледале како мене?“ Луѓе, немојте да се лажете.“ – Хејди Клум
„Клучот на убавината е да гледате во некој кој ве сака.“ – Џулија Робертс
„Понекогаш на жената и се случува да е поубава на 29 отколку кога била пред 10 години.“ – Џејн Остин
„Убавината е во вас и се рефлектира во очите. Не е физичка.“ – Софија Лорен
„Луѓето често велат дека убавината е во очите на посматрачот, а јас велам дека тоа е тотално ослободувачко да си посматрач. Тоа не ојакнува да побараме убавина на места каде што останатите не се осмелуваат, вклучувајќи не и нас самите.“ – Салма Хаек