Категории

Трендови за убавина кои треба да ги заборавите

Нови трендови настапија на „beauty“ сцената, додека овие веќе одамна заминаа во историјата

Монохроматски ‘smokey eyes’
Овој мејкап изглед е сосема демоде. Наместо тоа, експериментирајте со боите, земете ја палетата во раце и поиграјте си со повеќе нијанси.

Неуредни бранови
Сепак оваа фризура, чувајте за на плажа.
Наместо тоа, природните нежни бранови поради кои се исплати да издвоите подолго време се секогаш поженствени и попривлечни. Косата исфенирајте ја со специјална четка за да добиете гламурозен волумен, нанесете и сјај спреј за коса.

Кристали во косата
Одамна веќе не припаѓаат помеѓу трендовите, но затоа, сега кристалите ги носиме на лицето. Нашминкајте се како што вообичаено се шминкате и притоа залепете неколку кристали каде што сакате, овој тренд веќе наголемо владее по светските модни метрополи и гламурозните случувања.