Категории

Приказна за два гулаби со силна и поучна порака

Размислете добро за оваа приказна, на чија страна би сакале да бидете?

Стоеле два гулаби на гранката од едно дрво и гледале како разбојници ја палат куќата на еден чесен човек.
Едниот гулаб одлетал до реката, со својот клун нацрпил вода колку што можел, па долетал до куќата и ја полеал по огнот. Продолжил да го прави тоа уште многу пати, но бидејќи бил толку мал, не му можел ништо на пожарот.

Другиот гулаб само мирно гледал, но во еден миг се налутил и одлетал кон својот пријател.
-Зошто го правиш тоа кога нема смисла? Во твојот клун може да собере само една капка вода. Никогаш нема да изгаснеш пожарот!, рекол тој.
-Можеби не можам да го изгаснам пожарот сам, но сакам да се знае на чија страна сум бил. – одговорил гулабот и повторно одлетал до реката.

Прегледи:
1515
Објавено на:
25.02.2020