Витаминот Ц најчесто се спомнува и смета како средство во борба против настинки, проблеми со имунитетот и некои кардиоваскуларни болести, но исто така има благотворно дејство на кожата. Оввој магичен витамин својата примена ја наоѓа во борбата против брчките и несовршеностите на кожата.
Кога е во прашање младоста и убавината, часовникот не може да се запре, но може да се успори. Неопходно е да и посветите внимание на вашата кожа и да ја подарите вистинската нега која и е потребна со цел да ја зачувате нејзината еластичност, блескавост и сјај. Не грижете се, студиото за убавина La Sensa ги нуди најефикасните третмани користејќи производи од најквалитетна козметика со кои ќе добиете затегната, нежна и негувана кожа.
Ви го претставуваме ENERGY C потхранувачкиот третман за лице – најдобриот начин да ја освежите вашата кожа пред почетокот на пролетните денови.
View this post on Instagram
Овој третман е комплетно темелен и се состои од неколку чекори:
- Масажа со пилинг
- Се отстранува пилингот со мокра ракавица
- Се нанесува маска за измазнување
- Се нанесува серум и крема за измазнување според типот на кожата
Преку ENERGY C потхранувачкиот третман за лице се враќа енергијата на оштетената и/или дехидрирана кожа. Освен тоа, овој третман ја освежува кожата и го изедначува тенот. Закажете го својот термин во La Sensa студиото за убавина и подгответе го лицето за потоплите сончеви денови кои следат.