Категории

Кокосовото масло може да ве подмлади за 10 години – Еве како

Сигурно мислите дека е невозможно да се подмладите за 10 години, но вие само ја потценувате моќта на кокосовото масло. Кога ќе го прочитате нашиот совет, веднаш ќе ги замните вашите препарати за убавина со кокосово масло.

Испробајте ги овие неколку третмани и ќе забележите неверојатна промена во вашиот изглед.

Третман пред спиење
Она што треба да го направите е да земете малку кокосово масло и да го загреете помеѓу дланките. Кога ќе добие течен облик втријте го во лицето со нежна масажа. Можете да оставите да делува 30-60 минути, потоа отстранете го со влажен пешкир натопен во топла вода со благи движења.

Целулит
Целулитот е вистински проблем кој тешко се решава, но кокосовото масло е едно од најдобрите начини да се справите со него. Земете лажица кокосово масло и додадете лажица мед. Потоа нанесете го на кжата и оставете половина до еден час.

За суви раце
Сигурно можете да погодите што треба да направите. Земете голема количина на масло, загрејте го добро помеѓу дланките и потоа втријте го на местата каде што имате сува и испукаа кожа. Потоа нанесете латекс нараквици и оставете да делува еден час.

За коса
Кокосовото масло е едно од најдобрите сретства за нега на косата па поради својата чудесна моќ тоа е составен дел од бројни козметички производи.
Нанесете природно кокосово масло по должината на вашата коса и оставете два часа. Резултатот кој ќе го добиете е мазна, здрава и свиленкаста коса.

Прегледи:
609
Објавено на:
29.02.2020