Категории

Не грижи се за тоа колку туку какви пријатели имаш

„Каква ќе биде судбината на човекот зависи од тоа како тој во своите мисли го гледа својот живот.“

Добрината му одолева на се, а самата таа е неодолива.

„Една од главните причини на човековите неволји е лажното сфаќање дека луѓето единствено со насилство можат да го променат животот на другите.“

Ако мислиш дека општественото уредување е лошо па сакаш да го поправиш, знај дека за тоа има само еден начин: Сите луѓе да станат подобри, во твоја власт е само едно – самиот да станеш подобар.

„Човек може да му се спротивстави на се, освен на добрината.“

Не грижи за тоа колку пријатели туку какви пријатели имаш. Непријатно е кога човек не му се допаѓа на добрите луѓе, но да не му се допаѓаш на лошите луѓе е секогаш добро.

„Најважно за тебе е како мислиш за самиот себеси, затоа што од тоа ќе бидеш среќен или несреќен, а никогаш од тоа како другите мислат за тебе.“

„Колку би заштедите на непотребно читање кога би започнале да мислиме самите.“

Никогаш патот кон доброто знаење не водел по свилена трева и шарени цвеќиња, човеко мора самиот да се качува по голи ѕидови.

-Лав Толстој