Категории

ОТВОРИ ГО ШИРУМ ПРОЗОРЕЦОТ. НАДВОР МИРИСА НА ЖИВОТ!

Земи бел лист хартија и пречкртај ги сите што те пречкртале тебе. Земи бел лист хартија и стави една голема точка. Стави голема црна точка за крај на приказните во кои беше поразениот лик.

Земи бел лист хартија и стави голем извичник. Извичник со кој ќе ја завршиш реченицата во која на сиот глас извикуваш дека веруваш во себе, дека можеш, дека ќе успееш.

Земи го последниот бел лист хартија и напиши се сакам себеси! Да, напиши дека се сакаш себеси, баш онака како што си го сакал оној кој не знаел да ти ја возврати таа љубов.

Дека се сакаш себеси многу повеќе од оној кој направил да заборавиш да се сакаш себе. На крај, отвори го ширум прозорецот. Надвор мириса на живот!

Се цути, се се развива, се се буди, сјае, само ти пропаѓаш. Земи го прешкртаниот лист хартија и пушти го да го однесе ветерот. Пушти ветерот да го однесе минатото и дозволи да ти донесе нешто ново.

Нешто што ќе почни да цути, да сјеа, да те згрее. Вдиши длабоко, бидејќи доволно си се труел со негативната енергија.

Сега пушти го далеку тој здив и вдиши ја убавата миризба на животот.

Погледни, помирисај, почувствувај.

Надвор мириса на живот!

Анастасија Димова

Прегледи:
737
Објавено на:
03.03.2020