Категории

Најсреќните луѓе на светот никогаш не ги прекршуваат овие правила: Затоа животот им е песна!

Секој од нас треба да ги следи овие правила

Јапонците веруваат дека секое познанство и секое искуство е единствено богатство кое никогаш нема да се повтори на ист начин. Ако не уживате во секој момент, тој ќе биде изгубен засекогаш.

Токму врз овој принцип се темели нивниот живот, така што не е изненадувачки што тие се класифицирани како најсреќна нација во светот.

Благодарение на овој начин на размислување, тие се будат секое утро со мисија да ги искористат следните часови најдобро што можат. Тие знаат дека блиските луѓе им се сè на светот и дека со небитните работи не треба да се замараат.

Друг принцип по кој што се водат е да се живее без товар. Грижата за нештата што поминале и на кои не можат да влијаат ги оставаат настрана.

 

Од нив треба да се учи. Секој од нас треба да ги следи овие правила:

 

Не одложувајте ги посебните моменти за подоцна

Секоја прилика се нуди само еднаш. Ако не ја искористите, ќе ја изгубите засекогаш. Живејте сега или никогаш.

 

Живејте како утре да не постои

Секоја средба со вашите сакани искористете ја максимално. Кажете им колку ги сакате и колку ви значат, затоа што можеби нема да добиете втора шанса.

Живејте во сегашноста

Размислувањето за минатото и исчекување на идните настани е губење време. Обидете се да живеете во овој момент, бидете присутни и искористете го максимумот од овој момент на најдобар начин.

 

Направете нешто што никогаш не сте го направиле

Како што рекол Ајнштајн, не може да правите сé исто, а да очекувате промена. Обидете се секој ден да доживеете нешто ново, дури и ако тоа е мала ситница.

 

Медитирајте

10 минути медитација на ден целосно ќе ве смири и ќе го направи вашиот квалитет на живот многу подобар.

 

Потпрете се на вашите сетила

Научете да слушате, гледате, допирате во секој момент. Тоа ќе ве научи да бидете повнимателни со другите и да го зголемите нивото на емпатија.

Прегледи:
617
Објавено на:
03.03.2020