Категории

Бунарот во пустината – Стара легенда со силна порака

Една стара легенда проповеда за еден бунар насред пустината кој ја гаснел жедта засекогаш..

Сите кои пиеле од тој бунар никогаш повеќе не биле жедни. Само малкумина верувале во оваа приказна. Но, еден ден некој човек пронашол мапа на која било точно означено местото каде се наоѓа тој бунар. Тој ја сокрил добро мапата за никој да не ја пронајде и забрзано се упатил кон бунарот. Од тогаш никогаш повеќе не се дознало за него.

Поминале години и друг човек ја пронашол таа мапа, и тој добро ја сокрил мапата и тргнал да го пронајде бунарот, потоа и за него не се дознало ништо повеќе.

По многу години, додека некој трет случајно ја пронашол мапата, истата приказна се повторила по трет пат. Се случувало така стотина години, се додека мапата не ја пронашол човек кој не ја сокрил туку им ја покажал на сите. И повторно само малкумина верувале во неа затоа што мислеле дека то е невозможно. Се собрале само неколку луѓе кои тргнале да го пронајдат бунарот. Патот бил доста тежок поради неподносливата жештина. Но како што патувале низ пустината, успеале да преживеат, помагајќи се еден на друг и делејќи малку вода која им преостанала.

После неколку денови патување низ пустината, го пронашле бунарот. Од погледот на него им застанал здивот. Околу бунарот стоеле стотина човечки костури. Луѓето се приближиле до бунарот и ја виделе водата во длабочината, но немале со што да ја нацрпат, затоа сите од нив умреле од жед. Барале вода само за себеси, но не успевале да ја достигнат самите.

Така дружината луѓе се одлучиле да го решат проблемот. Немале нити јаже нити кога. Ја искинале својата облека и од неа направиле долго јаже. За него заврзале шише и така црпеле од водата. На тој начин можеле да пијат и да не бидат повеќе жедни.
Тајната на успехот била во тоа што патувале заедно и си помагале еден на друг.

Прегледи:
743
Објавено на:
06.04.2020