Категории

Од тебе зависи колку болка ќе чувствуваш

Од тебе зависи како ќе ја поднесеш болката и како ќе и дозволиш да влијае врз твојот живот.

Еднаш еден несреќен млад човек дошол кај еден стар учител и му рекол дека има многу проблеми во животот и го замолил за совет.

Стариот учител му ркеол да стави една рака сол во чаша вода и тоа да го испие.

„Како ти се допаѓа?“ – го прашал учителот.

„Грозно е.“ – извикал младиот човек плукајќи.

Учителот се насмевнал а потоа го замолил младичот да земе уште една рака сол и да ја фрли во езерото. Чекореле во тишина до блиското езеро и ученикот ја фрлил солта во него.

Старецот рекол: „Сега испиј малку вода од езерото.“

Додека водата течела по брадата на младичот, учителот го прашал: „Како ти се допаѓа?“

„Добро е.“ – рекол младиот човек.

„Дали има вкус на сол?“ – прашал учителот.

„Не.“ – рекол младиот човек.

Учителот тогаш седнаш покрај напатениот млад човек, го допрел за раката и му рекол: „Болката во животот е ни помалку ни повеќе, оваа сол. Количината на болка во животот останува иста, потполно иста. Но чувството на болка кое го доживуваме зависи од садот во кој ја ставаме. Затоа, кога те боли, единствено нешто што можеш да го направиш е да го прошириш своето чувство за нештата. Престани да бидеш чаша, биди езеро.“

Прегледи:
631
Објавено на:
07.03.2020