Категории

Иако изгледа интересно, за жителите ова е кошмар: Поради снежна бура, цела населба во Њујорк е под мраз

Луѓето кои живеат на Источниот брег покрај езерото Ири не можат да поверуваат што им се случува. Во текот на викендот, нивните куќи беа целосно покриени со мраз поради силните ветрови и големите бранови.

Според метеорологот Елис Смит, мразот настанал поради езерската вода, силните ветришта и ниските температури. Имало предупредувања за бурата уште на 27 и 28 февруари, а кога започнала, траела два дена, со прекини.

Овие фотографии бргу се проширија по социјалните мрежи бидејќи изгледаат волшебно, но сепак жителите воопшто не се среќни поради глетката.